Македонија добива светски премиерни велосипедски настани
По неодамнешната потврда од страна на Европската велосипедска унија за настанот Гран Фондо Скопје 2022 на 18-ти септември, ВФМ обезбеди организација на уште еден голем настан од оваа серија, а тоа е Гран Фондо ЕП во 2023-та година.
Можеме со задоволство да истакнеме дека освен организацијата на евентот Гран Фондо Скопје 2022, ја добивме организацијата и на европското првенство во Гран Фондо, кое ќе се одржи 2023-та година. Тој настан најверојатно ќе биде одржан во јуни, но ќе почекаме додека да ги утврдиме сите детали. Ова е само уште една потврда за заложбите на Велосипедаката федерација на Македонија, за развој и промоција на велосипедизмот. – изјави претседателот на ВФМ, Сашо Димитријоски.