Гран Фондо 2022 ќе се одржи во Македонија
Престижната велосипедска трка Гран Фондо ќе биде присутна и во нашата земја, благодарение на заложбите на Велосипедската Федерација на Македонија и подготвеноста на Европската Велосипедска Унија да соработува со нашата куќа на велосипедизмот.
„Македонија ќе добие одлична шанса за промоција на велосипедизмот со светски популарен настан, кој може да влијае позитивно и на развојот на велосипедизмот и на развојот на туризмот на вашата земја. Ова е еден од првите чекори со кои се обидуваме да ја вметнеме Македонија на светската велосипедска мапа. Имаме одличен соработник во името на Велосипедската Федерација на Македонија.“ – изјави Енрико Дела Каса, претседателот на Европската Велосипедска Унија.
Датумот за одржување на престижниот настан Гран Фондо Скопје 2022, е 18-ти септември. Патеката ќе биде дополнително утврдена, а за учество на настанот може да се пријават сите полнолетни љубители на велосипедизмот.