Што е тоа Гран Фондо?

Гран Фодно е најатрактивната и најелитната велосипедска трка на светот, во која може да учествуваат професионалци и рекреативци. Тоа е најважниот глобален велосипедски настан на денешницата, кој доживеа експанзија особено во годините на и по пандемијата Ковид-19.
На 18-ти септември во Скопје, ќе се одржи првата Гран Фондо трка во Македонија, со што нашата земја и нашиот главен град ќе добијат свое место на мапата на светски познатите и реномирани велосипедски настани, кои се одржуваат во сите развиени земји.
На оваа трка може да учествува секој еден поединец кој има велосипед и кој сака да биде дел од овој спектакл. Пријавувањето се врши преку сајтот granfondo.mk, во секцијата „регистрација“.
Освен натпреварувачки и рекреативен карактер, овие трки во многу нешта придонесуваат и за развој на туризмот и за збогатувањето на портфолиото на државите и градовите кои се организатори, затоа што предвидуваат учество на голем број натпреварувачи и воедно присуство на огромен број гледачи вљубеници во велосипедизмот, од сите страни на светот.
Трката Гран Фондо го носи италијанското име кое значи „голема трка“, односно „долга трка“. Стартот е масовен, а доживувањето на еден Гран Фондо настан е несекојдневно и уникатно.
Следната година, во Скопје ќе се одржи и Гран Фондо европското првенство, најверојатно во месец јуни, за што ќе следат дополнителни информации од дтрана на организаторот.
Велосипедката Федерација на Македонија и Гран Фондо, кои се организатори на овој настапн под покровителство на Европската Велосипедска Унија, ги повикуваат сите љубители на велосипедизмот да присуствуваат на најголемиот и најелитниот велосипедски настан организиран кај нас, досега.